| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Ако некој сака да се удави, не може да го спасите

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одговара на прашања на граѓаните во традиционалната програма „Права линија“ која еднаш годишно се организира од 2001 година. Повеќе од 1,7 милиони луѓе го прашаа Путин, а во повеќечасовниот пренос на програмата во живо одговара на најинтересните прашања, пренесува порталот „РТ“.

Минатата година телефонски или по смс-порака му беа поставени повеќе од три милиони прашња, а тој за четири часа одговори на 74.

Едно од најинтересните прашња го постави 12-годишната Варја.

– Драг претсдателе, рековте дека би го спасиле Обама ако гледате дека се дави. Дали би го спасиле Порошенко или Ердоган, ако гледате како се дават?

Путин на ова одговорил.

– Драга Варја, ова е тешко прашње. Вака ќе одговорам: ако некој сака да се удави, не може да го спасите – одговори Путин.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top