| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока тепачка во Скопје, двајца завршија во болница

trojca-tetovci-i-dvajca-policajci-povredeni-vo-masovna-tepachka-100180

Двајца скопјани почнале да се караат, што преминало во жестока тепачка во која биле користени секакви предмети. Двајцата завршиле во болница, а еден од нив има тешки телесни повреди.

Полицијата јави дека денес околу 2,30 часот, во Скопје на улица Џумајска во двор од куќа сопственост на С.И.(67),  настанала вербална расправија помеѓу истиот  и И.М.(51),  со кого од предходно се познавале. Вербалната расправија, потоа  прераснала во меѓусебна тепачка  во која  двајцата си размениле удари со тупаници, а притоа употребиле и разни предмети   нанесувајќи си повреди. Со возило на Брза помош истите се пренесени на лекување во Ургентниот Центар во Скопје , каде кај С.И. се  констатирани  тешки телесни повреди,а кај И.М.  телесни повреди. Од страна на СВР-Скопје во тек се мерки за  целосно расчистување на  случајот по што ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top