Екипата на манекенки од Македонија се врати од Фиренца, Италија каде минатиот викенд учествуваа на големата модна ревија која ја организираше Академиа Италиjана.
– Се работи за традиционална модна ревија која Академиа Италиjана ја организира секоја година во месец април во театарот Обихол во Фиренца и на која модели прикажуваат студенти, идни модни дизајнери. Меѓу 40-те манекенки кои ги презентираа моделите беа и четири од Македонија, избрани на кастингот кој се одржа во Скопје уште во јануари,а на кој девојките ги бираше лично г-динот Кевин Оукс (Kevin Oakes) кој е еден од најдобрите светски модни кореографи и кој со години е задолжен за кореографија на оваа традиционална модна ревија – изјави веднаш по враќањето од Италија, Мики Црнокрак кој ја предводеше екипата од Македонија.
Гости на ревијата беа многу познати лица од самиот крем на светската мода, предвовени од Мишел Адам, сопственикот на ФТВ, првата и најпозната светска модна телавизија, кој го имаше почесното место во првиот ред. Ова е осма година по ред како нашите најдобри манекенки учествуваат на оваа голема модна манифестација која не е обична модна ревија, туку многу повеќе од тоа – вистински моден перформанс на кој беа прикажани околу 250 модели со преку 30 различни кореографии. Поминавме прекрасни седум дена во Фиренца заедно со манекенки од Италија и од уште некоклу држави од Европа и ова е огромно искуство како за девојките кои видоа како е да се чекори на светските модни писти, во Италија – земјата на модата, така и за нас да видиме како е да се организира еден вака голем моден настан – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По стапките на Мики и Светле: Моника Црнокрак избрана за Мис фотогеничност
-
„Алшар“ создаде пролетна колекција за девојки и жени кои се чувстуваат слободно и опуштено
-
Наградата „Балкански мостови“ за филмот на Дарјан Пејовски „Три дена во септември“ на Фестивалот во Фиренца
-
Евгенија е „Мис Медитеран“, со титули заминаа уште три Македонки