Зоран Заев со нескриен ентузијазам изјави дека следи украинско сценарио, само да дојде на власт без поддршка на граѓаните, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој упати лична порака до Заев
– Додека стојам нема да ти дозволам тоа. Ни јас, ни народот. И самиот си свесен дека народот сака да заврши кризата. Престани да ги организираш хулиганите да го реметат мирот на граѓаните. Собери еднаш храброст и излези да се соочиш со народот. На избори . На фер и демократски избори. Доста бараш изговори- гласи пораката на Груевски до предводникот на СДСМ
-Ги повикувам СДСМ наместо да бараат алиби за неизлегувањето на изборите, да излезат на избори. Ако аргументите кои ги говорат се реални, народот сигурно ќе им го вреднува тоа. Не треба да се плашат од народот. Ги повикувам СДСМ на избори и на фер и демократски начин да му се даде на народот шанса да се определи кој понатаму да биде власт, а кој опозиција. И покрај тоа што не се согласуваме со одлуките на претседателот, во духот на она што го кажа, повикуваме на заедничко делување во корист на иднината на земјата и граѓаните.
Ваквите поделби омраза гнев реваншизам насилства нема да не одведат никаде . Народот очекува од нас, со смирени глави и и со мудри одлуки да делуваме за заедничкото добро на сите граѓани на Македонија, посочи Груевски на прес- конференција.
-Изминативе два дена гледаме изблици на агресија насилство вандализам и нескриена намера за продлабочување на кризата и нов стадиум на конфликтност во Макеоднија од страна на претседателот на СДСМ. Додека неговите луѓе организираат насилство кон полицијата , кон граѓаните и кон институциите, тој во јавноста како што сме навикнале да го гледаме, ладнокрвно како и во други прилики повикува на конструктивност. И така вчера го видовме овој човек кој е познат по тоа дека во две различни реченици знае да каже две спротивставени работи, да повика на конструктивност во првата реченица, а веќе во втората , онака спонтано и лефтерно, да спомене дека на државата и следи украинско сценарио, што значи илјадници мртви и повредени, вртоглав пад на економијата, и други тешки последици, И ова ни го кажа лефтерно и со нескриен ентузијазам . И сето ова со една единствена цел – само да дојде на власт без поддршка на мнозинството граѓани во Македонија- додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер