| четврток, 6 декември 2018 |

Што остана од Украина по немирите: Поделена држава, загинати, сиромаштија

Од протестите во Украина најмногу искористија непријателите на земјата, кои зграбија делови од нејзината територија, а земјата и натаму е далеку од интеграција во Европската унија, иако токму европските земји беа тие што ги поддржаа антивладините протести.

odesa-nemiri

Со кампувања во шатори на плоштадот „Мајдан“ во Киев, со протести, поддржани од опозицијата и со, навидум, наивни инциденти во кои полетуваа камења кон полицијата колку за нејзина провокација, во 2014 година започна крвавото сценарио што Украина ја воведе во војна од која резултатот е поделена земја, десетици илјади загинати, илјадници трајни инвалиди, но и уништена економија и сиромаштија уште поголема од претходната.

Најмногу од тие протести искористија непријателите на Украина, кои зграбија делови од нејзината територија, а земјата и натаму е далеку од интеграција во Европската Унија, иако токму европските земји беа тие што ги поддржаа антивладините протести. Светот гледаше немили сцени во кои демонстранти каменуваат до смрт полицаец, но и сцени во кои снајперисти стрелаат во демонстрантите, пишува „Телеграф“.

kiev-20-650x396

Демонстрации со слично сценарио во изминативе два дена ѝ се случуваат и на Македонија. Опозицијата во секоја демократска земја, иако стои зад протести, апелира тие да бидат мирни и демонстрантите да се воздржуваат од насилство, од судири со чуварите на редот, како и да избегнуваат уништување јавен државен имот. Опозицијата во земјава, на чие чело е СДСМ, сè уште не се огласи со апел да се смират тензиите, да нема насилства и уништување.

Македонската јавност вчера беше сведок како поголема група вандали ги демолираа просториите на Народната канцеларија на претседателот, удрија и по Министерството за правда, а пред да ескалира целата ситуација, се обидоа да нападнат и двајца полицајци кои случајно, без штитови, се најдоа пред толпата. Реакцијата на полицијата следуваше дури после директниот напад на хулиганите врз чуварите на редот.

eng

Сепак, доколку се направи мала анализа, може да се заклучи дека украинското сценарио, кое лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го најави на едно од своите гостувања на домашните телевизии, почнува да се остварува. Доколку се следи развојот на настаните во Украина, граѓаните се тие што на крај најмногу страдаа.

Што ѝ донесоа насилствата на Украина?

Според официјалните бројки, околу 1,5 милион луѓе се внатрешно раселени во земјата, плус околу еден милион заминале надвор од државата. Вистинските бројки веројатно се уште полоши. Во 2014 година падот на БДП на Украина беше 6,8 проценти, националната валута хривна во 2014 и во 2015 година загуби 70 отсто од својата вредност, односно девалвира 70 проценти. Во наши услови, тоа би значело еврото да скокне од 61,5 денари, на 105 денари, а платите да останат исти.

Потрошувачката на граѓаните во 2014 година опадна за 9 проценти, а во 2015 година за 21 процент. Тоа директно се одрази и врз тамошните фирми. Само во 2015 година имаше пад на извозот од 31 отсто.

Што би значело за Македонија пад на извозот од 31 отсто? На пример, секоја конфекција во Штип или секоја фабрика за кондури во Паланка или секоја фабрика во 1 година да има за 31 отсто помал извоз.

Животниот стандард во 2014 и во 2015 година е преполовен. Преку девалвацијата на националната валута, годишната инфлација отиде на 43 проценти. Според британски „Гардијан“, во Украина се затворени четири од вкупно пет големи државни земјоделски комбинати.

Во воените судири на двете страни се ранети околу 21.000 лица. Има голем број трајни инвалиди. Загинати се околу 10.000 луѓе на двете страни. Најголемиот број загинати се на возраст од 20 до 35 години, односно родени се меѓу 1980 и 1995 година.

Според „Гардијан“, актуелниот претседател на државата, Петро Порошенко, е помалку популарен од претходниот претседател, кој беше соборен со насилните демонстрации и со внесувањето на земјата во војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top