Социјалните мрежи ги сменија нашите животи, а денес многу луѓе заработуваат пред се благодарејќи на ангажманот на инстаграм, фејсбук, твитер…
Еден од начините на заработка по пат на интернет е и промоција на одредени производи на социјалните мрежи, бидејќи бројни компании се спремни да платат на своите корисници за рекламирање на производите.
На тој начин заработуваат модните блогери – со промовирање и рекламирање на облека, чевли, козметика, фитнес тренери кои рекламираат фитнес опреми и слично, како и поединци кои рекламираат храна и пијалок од одредени ресторани и кафулиња.
Единствен услов е да имате изработена мрежа на следбеници на социјалните мрежи што ви дава популарност и можност производите кои ги рекламирате да ги видат што е можно повеќе луѓе.
Еден од сличните примери е профилот на инстаграм „Њујорк сити“ на кој може да се пронајдат фотографии од многубројни ресторани. Овој профил има преку 619 илјади следбеници.
– Познавам луѓе кои немаат платено оброј со месеци бидејќи различни ресторани им даваат бесплатни оброци по желба. Моите родители мислат дека е премногу лудо бидејќи се хранам како кралица. Јадам кавијар и јастог секоја вечер, секогаш сум на друго место и тоа е феноменално – изјави Џеки Габел, сопственичка на профил на инстаграм кој има преку 149 илјади следбеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.