Претставата „Ромео и Јулио“ на независниот театар „Болоњиникоста“ од Рим е добитник на Гран при награда
По изгледаните шест претстави жири комисијата во состав на режисерот Синиша Ефтимов и актерките Магдалена Ризова Черних и Ирена Илиевска, донесе одлука дека претставата „Ромео и Јулија“ понудила оригинален, инвентивен и алтернативен прочит на Шекспировото дело, кое во целост комуницира со гледачот и плени со одличната актерска игра и прецизната режија, се наведува во соопштението на ИТФ „Лица без маски“.
Наградата за најдобра режија е доделена на Софија Болоњини за истата претстава „Ромео и Јулио“, додека наградата за најдобро актерско остварување е доделено на Теодора Ристовски за улогата на „Актерката“ во претставата „Собуј ги чевлите“ во изведба на „Лудум, Лудум“ театарот од Белград, Србија.
ИТФ „Лица без маски“ во изминатите четири денови под мотото „Остани стабилен“ понуди шест претстави кои прикажаа нови театарски промислувања создадени од независна продукција.
та за најдобра претстава на 9-от интернационален театарски фестивал „Лица без маски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија