Претстојниот викенд во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар – Скопје, продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“ ги носи најмладите на анимирана авантура со филмови синхронизирани на македонски јазик.
На големото платно в сабота и недела, точно напладне ќе се разиграат две мачки, кои ќе ја раскажат „Големата авантура на Пим и Пом“, а Лео, познат и како „Момчето фантом“ ќе покаже како се станува невидлив и се поминува низ ѕидови. И сите зборуваат на македонски јазик за да може секое дете од 4 до 10 години јасно да ги разбере.
Синхронизацијата на филмовите е поддржана од Агенција за филм на РМ.
„Големата авантура на Пим и Пом” ќе се прикажува во сабота од 11 часот и во недела од 13 часот.
„Момчето фантом“ ќе се прикажува во сабота од 13 часот и во недела од 11 часот.
Цената на билетите е 60 денари.
„Момчето фантом“, синхронизиран на македонски јазик, е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф. Станува збор за продукција од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол.
„Големата авантура на Пим и Пом”, синхронизиран на македонски јазик, раскажува за
пријателството меѓу импулсивните и авантуристички мачки Пим и Пом, кое ќе биде ставено на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот до дома. Пим и Пом се најдобри пријатели кои живеат заедно со „Дамата“. Но, кога нејзините внуки доаѓаат на посета сакаат да ги киднапираат Пим и Пом за да ги имаат само за себе. Откако успеваат да се спасат од девојчињата, мачките мора да научат да живеат на улица. Дали Пим и Пом ќе успеат да го најдат патот до дома? Овој музички, мирен филм, со доза акција , има стилизиран изглед што потсетува на 1960 година и сигурно ќе измами насмевки и кај мајките и татковците.

Филмот од 2014 година е во режија на Глорија Смит а покрај номинации на филмските фестивали холандскиот „Синекид“ и „Црни ноќи“ во Талин, ја доби и наградата на Детското жири на Чикаго интернационалниот детски филмски фестивал .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.