Кризата може да се реши само со политички средства, а не со насилство, порача на својот Твитер профил еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Ги повикувам сите политички партии и одговорни граѓани да се воздражат од акти на насилство. Кризата може да се реши само со политички средства. Одговорност на политичарите е да се вратат на преговарачка маса, вели Хан по синоќешните протести во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивните соработници за случаи поврзани со нелегалното прислушување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.