Шпанските сили за безбедност уапсиле државјани на Франција и уште две лица со потекло од Србија и од Црна Гора кои се доведуваат во врска со снабдувањето со оружје на главниот осоминчен за терористичкиот напад во Париз во јануари 2015 година.
Шпанската полција во соработка со француските сили за безбедност во областа Малага го уапсила Антони Дениве (27) за кој се верува дека го набавил оружјето со кое се обиени четворица Евреи во супермаркет во почетокот на 2015 година во Париз.
Нападот во супермаркетот се случи само неколку дена откако терористите убија 12 лица во нападот на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.