Некои луѓе можеби се генетски предиспонирани да имаат витка линија, но некои вметнат намирници кои им помагаат да ја одржуваат тежината.
Поентата е да се јаде храна која придонесува за рамнотежа во организмот и од која практично не можеш да се здебелиш.
Кои се тие намирници? Круши, бадеми, зелен чај, мед, цимет, јајца, лосос.
Крушите се идеално овошје кое е здраво, а притоа најадува, односно ве држи сити, а истовремено со ниско ниво на калории.
Бадемите се јатки богати со протеини, а истовремено богати и со витамини и минерали. Познат е фактот дека една рака бадеми може да биде замена за еден оброк, односно идеална ужина. Сепак, само една рака! Сè повеќе, ќе значи и зголемен внес на калории.
Зелениот чај може да спречи многу заболувања, а притоа го забрзува метаболизмот и ги согорува маснотиите.
Медот, циметот, па и лутите пиперчиња се одличен тригер за согорувањето на маснотиите, но и за подигнување на имунитетот. Овие намирници се огромна помош за согорување на маснотиите.
Две варени јајца ќе бидат одлична замена за секојдневното конзумирање житарки за појадок, а лососот е една од најбогатите риби со омега масни киселини, секако, да е природно заловен, а не товен. Одлична замена за лососот е скушата!
Значи, поентата е секојдневно да конзумирате по минимум еден оброк од посочените намирници или нивна алтернативна замена. Дополнително, ако си воведете и режим за физичка активност, минимум 2 до 3 пати неделно, успехот е загарантиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


