Инфлацијата во Германија незначително се зголеми во март поради растот на цените на храната, услугите и трошоците за живеење, што го неутрализира падот на цените на енергенсите.
Индексот на потрошувачките цени, германска мерка за инфлацијата, порасна во март за 0,3 отсто по нултиот раст во февруари, покажаа конечните податоци на Федералната канцеларија за статистика Дестатис.
Според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, кој како барометар на инфлацијата го користи ЕЦБ, мартовската стапка на инфлацијата во Германија изнесувала плус 0,1 отсто во споредба со минус 0,2 отсто во февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


