Кандидатот на Народната партија на Австрија (ОВП) за претседател на Австрија Андреас Кол има бизарен поглед на историјата на земјата. Во емисија што се емитува на телевизијата АТВ тврди дека Австрија била жртва на националсоцијалистите, но додал и дека многу Австријци, сепак, направиле некои злосторства.
Исто така, застанал во одбрана на некогашниот претседател Курт Валдхајм, кој бил офицер на Вермахтот.
Кол истакнал дека Валдхајм бил чесен човек и искрен демохристијанин.
Кол и порано истакнувал дека Австрија била жртва на нацизмот: „Како што Австрија беше жртва на нацизмот, така бил и Валдхајм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Железничка несреќа во Австрија: Има повредени и мртви