
Неодоговорен жител на скопско Инџиково си пукал со воздушна пушка од неговата тераса. Едно зрно погодило деветгодишно девојче, кое завршило во болница, за среќа без трајни последици.
МВР јави дека вчера, во полициската станива во Гази Баба, К.П.(30) од Скопје пријавила дека тој ден 16 часот во село Инџиково – скопско нејзиниот сосед Б.М.(39) од неговата тераса пукал со воздушна пушка, при што ја погодил нејзината девет годишна ќерка, која во моментот си играла надвор, нанесувајќи и повреда во пределот на десната рака.
На повредената и е укажана лекарска помош во Поликлиника „Сингелиќ“ и е пуштена на домашно лекување и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


