Стрелачката Нина Балабан, прва од македонските олимпијци, ги стартуваше натпреварите на Летните олимписки игри во Рио, завршувајќи на 42. место од 51 натпреварувачка во дисциплината 10 метри – воздушна пушка, со испукани под своите можности 407,7 круга.
Во првата серија Нина Балабан имаше учинок од 102,5 круга, а потоа во втората серија се поправи со 102,9 кругови. Во третата серија имаше ефект од 102,1 круга, за да во последната серија потфрли, заокружувајќи со 100,2 круга. Сето тоа за вкупни 407,7 круга, и на крајот за 42. место од 51 натпреварувачка.
Во финалето, кое е закажано од 15:30 часот, се пласираа најдобрите осум олимпијки од квалификациите, од вкупно 51 натпреварувачка пријавени во оваа дисциплина.
Следен македонски олимпиец кој ќе се појави на терените на ЛОИ во Рио е пливачката Анастасија Богдановски која во понеделник (8. август) од 18:30 часот, по македонско време, ќе плива во квалификациите на 200 метри слободно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.