Триесет и тригодишен државјанин на Македонија се соочува со обвинение за 50 напади на жени во Kопенхаген, Данска. Идентитетот на нашинецот на се открива иако во минатата недела полицијата објави негови слики бидејќи осомничениот побегнал од психијатриско одделение каде што бил чуван со полиција.
Сепак, драмата за неговото бегство не траеше долго. По околу ден и пол во бегство тој самиот се пријавил во полиција. Инаку, нашинецот бил уапсен во декември лани, а во јавноста бил познат како „лижачот“ бидејќи жените кои ги напаѓал ги бакнувал и ги лижел по лицето,пишува Дневник.
– Осомничениот нападите ги изведувал во вечерните часови, а претходно избирал жени кои само се движеле низ градот. Тој чекал погоден момент да ги запре, по што ги фаќал за градите и бакнувајќи ги или најчесто лижејќи им ги лицата. Во најмалку два случаја тој се обидел да има сексуален однос со жртвите – изјавил инспекторот Брајан Белинг.
Според него, случајот против Македонецот е речиси целосно истражен и против него наскоро ќе биде подигнато обвинение за обиди за силување и вулграно однесување.
– Го товариме за 50 напади за кои сме многу сигурни дека тој ги извршил. На тоа укажуваат материјалните и технички траги, како и ДНK-траги и слично. Откако осомничениот беше уапсен, па досега не беа забележани слични напади, ниту, пак, извршени на тој начин. Затоа веруваме дека обвинението ќе биде против вистинскиот човек – рекол Белинг.
Фотографијата на Македонецот по бегството од болницата е објавена во јавноста од полицијата апелираат ако некоја жена го препознала осомничениот како можен напаѓач да го пријави случајот. На едната фотографија направена по апсењето манијакот е со ретка брада, но на другата фотографија има густа брада.
Македонецот со нападите почнал на минатата есен во неколку поврзани квартови во Kопенхаген, а бидејќи истите се повторувале во наредниот период полицијата апелирала до девојките и жените да бидат внимателни, да не излегуваат сами навечер, како и дека напаѓачот е опасен. На медиумите била објавена и мапа, односно дел од градот во кој се случиле нападите и кои жените требало да ги избегнуваат во вечерните часови. Имало случаи кога осомничениот во текот на една ноќ напаѓал и по три жени. Освен на улици, напаѓал жени и во влезови, како и во еден случај во стан.
Насилникот бил уапсен на почетокот на декември под сомнение за пет сексуални напади, но судот го ослободил поради недоволно докази. Обвинителството се жалело на одлуката до Врховниот суд, по што манијакот пак бил уапсен, иако негирал дека е виновен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.