| четврток, 6 декември 2018 |

Блан ја призна грешката: Јас сум виновен!

loran blan

И покрај доминацијата во францускиот фудбал, ПСЖ не ја оствари мисијата во елитното натпреварување, а тоа може да го чини отказ Блан. На прес-конференцијата по мечот, тој беше малку и некултурен кон Сити, обидувајќи се да го минимизира успехот на неговиот тим.

– Ја преземам обврската за испаѓањето, не се браневме добро, а противникот ни создаваше проблеми при нафрлени топки. Мислам дека Сити не одигра ништо посебно, но ние бевме уште полоши и далеку од нашето ниво. Манчестер Сити сега ќе биде гостин во полуфиналето од Лигата на шампионите. Повикани се на журката на Барселона, Баерн и Реал – рече Блан.

Тој малку избрза со својот заклучок бидејќи Барселона и Баерн уште не обезбедија пласман во полуфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top