| четврток, 6 декември 2018 |

Фото од последната порака на бомбашот: Ја не го сторив тоа

posledna-poraka na bombasot

Деветнаесет годишниот бомбаш од Бостон Џохар Царнаев последната порака ја испратил преку Фејсбук до неговиот татко.

Според тврдењата на светските медиуми во порака пишувало: „Ова ќе е последна порака пред полицијата да ме фати. Не го сторив тоа. Ме наместија. Татко те молам прости ми. Извини што дојде до ова“.

lov na bostonskiot bombas28

Неговиот татко пред неколку дена изјави дека неговите синови биле наместени, а мајката дури тврдеше дека нејзиниот постар син веќе 5 години бил надгледуван од ФБИ и знаеле се што прави, па токму затоа било невозможно да не знаеле дека планира масакр.

Здравствената состојба на 19-годишниот Џохар Царнаев обвинет за учество во терористичкиот чин за време на Бостонскиот маратон е подобрена.

Царнаев, поради раната во вратот можел да изговори само збор, а на прелиминарно сослушување во болница комуницирал со климање на главата и  успеал да изговори само „не” кога судијката го прашала може ли да си дозволи адвокат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top