На еден ден пред светската премиера, од скопското кино „Милениум“ ја најавуваат филмската премиера на „Книга за џунглата“ в четврток, на 14 април во 20 часот.
„Книга за џунглата“ е е најнова филмувана верзија на добро познатата приказна за Могли, момчето пораснато меѓу глутница волци, во џунглата, далеку од цивилизацијата. Режијата е на Џон Фавро, а актерската екипа ја сочинуваат Скарлет Јохансон, Идри Елба, Мил Мареј, Кристофер Вокен, Бен Кингсли.
Од „Милениум“ најавуваат уште еден новитет на репертоарот оваа недела – француско-белгиската копродукција „Новите авантури на Аладин“ во режија на Артур Бензаквин, Кев Адамс, Жан Пол Рове, Венеса Гид. Филмот е на репреротар од 11 часот в сабота и в недела и од 13 часот во другите денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура