Oбоистот Васил Атанасов со концерт насловен „Васил и пријателите“ одбележа 40 години кариера. Концертот се одржа во Македонската опера и балет, под диригентската палка на Андреј Андреев од Бугарија, а настапија баритонот Борис Трајанов, сопранот Весна Гиновска Илкова, Александар Дојковиќ, тенор од Србија, Кохар Андонијан-харфа (Бугарија), Јагода Тренеска Цветичанин-пијано (Хрватска), Драган Даутовски, Ратко Даутовски, Кристина Атанасова-виолина, Томе Атанасов-обоа, Тодор Светиев-пијано, Катерина Гелебешева Костадиновска-пијано, Скопскиот дувачки квинтет и Камерниот оркестар Скопски солисти.
– Кога се прави една ретроспектива, гледам дека вредело да се работи и да се живее за музиката. Мојот пат или мојот живот беше музиката, потенцира Атанасов и изрази задоволство што на концертот ќе настапат и неговите деца, кои се дипломирани уметници, вели Атанасов.
Тој потсети дека е прв обоист и солист на Македонска филхармонија. Како обоист во Филхармонија има отсвирено повеќе од 1.200 симфониски концерти, повеќе од 200 солистички концерти, стотина во странство. Има снимено повеќе од илјада минути музика за Македонското радио, повеќе од 65 настапи со Камерен оркестар, 220 камерни концерти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.