„Дуото Атанасов – Светиев ни даде моменти на апсолутна магија и силни емоции“, пишува во критиката објавена во италијанските медиуми за настапот на обоистот Васил Атанасов и пијанистот Тодор Светиев на 19-тата меѓународна концертна сезона ” Мelodica ” што се одржува во Италијанскиот град Рагуза.
Двајцата големи уметници Македонци како што се нарекуваат во текстот во текот на целиот концерт добивале силнни аплаузи а на крајот морале да се вратат и на бис.
На програмата биле извадоци од класичната, романтична и македонската народна музика.
„Овие двајца талентирани музичари понудија вкус на елеганција со нијанси на звук и техника од прва класа, со одлична интеракција на двата инструменти кои одлично ги испреплетуваа звуците и мелодиите благодарение на нивниот талент“, пишува во критиката за двајцата македонски уметници кои што според истата го демонстрирале своето мајсторство во совршена хармонија.
Обоистот Васил Атанасов пред десетина дена ја воодушеви публиката и во Москва каде што на универзитетот Ломоносов настапи со „Скопскиот дувачки квинтет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.