| четврток, 6 декември 2018 |

„Танец“ jа претставува македонската култура во Обединетите Арапски Емирати

Од 7 до 25 април, Република Македонија е почесна земја-учесник во рамките на манифестацијата „Денови на културното наследство“ во Шарџа, во Обединетите Aрапски Eмирати, каде што македонското културно наследство е презентирано со посебно македонско етносело.

Манифестацијата почна со концертот на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, чијшто настап беше поздравен со бурен аплауз и особен интерес од страна на присутните.

Ансамблот „Танец“, кој повеќе од шест децении е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура, во рамките на овој фестивал кој секоја вечер просечно има околу 11.000 посетители од сите емирати и пошироко, предвидено е да одржи уште неколку концерти преку кои ќе го презентира богатото македонско културно наследство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top