| четврток, 6 декември 2018 |

Нови терористички напади, има повредени

Еден војник загинал, а 25 се ранети во напад со автомобил-бомба врз база на жандармеријата во доминантно курдскиот регион Дијарбекир, во југоисточна Турција, пренесоа американските медиуми.

turska-policija

Државната агенција Анадолија информира дека нападот во градот Хани, во округот Дијарбекир, е дело на терористите поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).

Настраданите од експлозијата со хеликоптери и возила на брзата помош биле префрлени во воената болница во Дијарбекир.

Приватната агенција Доган, исто така, информира за еден загинат, но според неа во нападот имало 27 ранети лица, а меѓу нив и цивили.

Оштетени биле и зградите во реонот на експлозијата, како и електроводите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top