
Дваесет и три годишниот битолчанец Александар Мицевски вчера вечерта го загубил животот по сообраќајна несреќа.
Несреќата како што информираат од полицијата се случила околу 16 часот на патот Битола- село Новаци кога сошло до судир меѓу автобус кој го управувал 32-годишниот А.В. и камион кој го возел сега починатиот.
Со тешки телесни повреди на главата и крварење од носот и устата, 23 годишното момче било префрлено во Клиничката болница во Битола каде вечерта околу 21 часот им подлегнал на повредите.
Во камионот со него биле и неговиот татко и брат кои поминале со телесни повреди.
Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


