| четврток, 6 декември 2018 |

Небојша Ројко е депортиран во Србија – следува испрашување за смртта на Јелена

ројкоНебојша Ројко, или Виор, кој се доведува во врска со убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ е на пат кон Србија, каде што ќе биде предаден на српските власти, потврдил за Аваз, Слободан Ујиќ, директор за работење со странци.

Како што рекол Ујиќ, неговата мајка Нена допатувала во БиХ и на службениците им ги доставила документитие на Небојша, па тој по утврдување на идентитетот по скратена постапка е депортиран во Србија.

Небојша е упасен во петокот во Брчко и не се опирал за време на апсењето, но ништо не зборувал. Во Брчко бил во куќа на роднини и немал документи, ниту многу работи со себе. Бил преплашен за време на апсењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top