34-годишниот Кочанец на 7 април облечен во униформа, во близина на средно училиште во Кочани, на две малолетнички им се претставил како полицаец и им побарал лични карти.
Во тој момент поминувала уште една малолетничка која, пријавениот, ја пресретнал со неговиот автомобил и претставувајќи и се дека е полицаец и побарал лична карта.
Откако девојчето изјавило дека нема лична карта пријавениот со возилото ја однел во куќата каде што престојувала и се обидел да ја силува, но го спречиле роднини на девојчето.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена, против него ќе биде поднесена кривична пријава за две дела, лажно претставување на службено лице и обид за силување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.