Голден стејт му се приклучи на Чикаго, како единствени екипи со победи на гостински терен, во првите 11 натпревари од плејофот во НБА. Вориорс беа подобри од Денвер и победија со 131-117, иако играа без стартниот центар Дејвид Ли. Најдобриот тројкаш во Лигата, Стефон Кари, беше расположен за игра и со 30 поени го предводеше тимот до одличен резултат, 1-1, по првите два дуели што се играа во Денвер.
Шампионот Мајами хит и Њујорк никс водат со 2-0 против Милвоки, односно Бостон. Леброн Џејмс беше нерасположен за игра, но Мајами го има Двејн Вејд, па немаше проблеми и уште еднаш го надигра Милвоки, овојпат со 98-86. Вејд даде 21 поен, исто колку и Ерсан Илјасова кај поразениот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


