| четврток, 6 декември 2018 |

Жестоки судири во Алепо

Во судирите околу Алепо, вториот град по големина во Сирија, во последните 24 часа загинале најмалку 16 припадници на прорежимските сили и 19 членови на фронот Нусра.

Договорот за прекин на непријателството, кој го усогласија САД и Русија не се однесува на борба против џихадистите, напоменува агенцијата „АФП“.

Тој договор влезе во сила на 27 февруари и, главно, се почитува.

Премиерот на Сирија Ваел Надер ал Халки изјави дека во текот на денот на состанокот со руските пратеници се разговарало за тоа тоа руските воздухопловни сили и сиријската војска подготуваат заедничка операција за ослободување на градот Алепо.

– Ние заедно со нашите руски парнтери подготуваме операција за ослободување на Алепо и блокирање на сите нелегални оружени групи кои не се приклучија на договорот за прекин на огинот или го прекршиле – пренесе „Интертас“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top