| четврток, 6 декември 2018 |

Нада револтирана: Сега сите ги гледаат нејзините квалитети

Со објавата на Фејсбук на сите им ги затна устите.

01nada2_1460307570_670x0

Скршена од тага поради загубата на блиска пријателка, Нада Топчагиќ на нејзиниот профил на Фејсбук споделила трогателни фотографии од свадбата на Јелена.

-Гледам дека сите ама баш сите сега се знаат за мојата Јеца. А од сите пријатели само јас и мојот сопруг бевме на свадбата на мојата убавица. Сега сите ги гледаат нејзините квалитети! Сега демек сфатиле какво богатство имале пред нив! – напишала во комeнтарот Нада.

03nada1

Револтирана од изјавите на некои луѓе во медиумите, кои се повикуваат на голеомото пријателство со пејачката по нејзината брутална смрт, Нада Топчагиќ додала:

-Гледам многумина и „помагале“, а само јас знам за нејзиниот трнлив пат и маките и нејзината борба за кариерата и семејството. Се обидував да и помогнам и секогаш кога можев и помагав. Јас се борев да на луѓето им покажам кој потенциијал го имаше ова девојче!

04nada3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top