| четврток, 6 декември 2018 |

Аврамопулос ја цинкари Македонија во Вашингтон

Атина сака решение за името, но за жал недостасува напредок во имплементацијата на реформите во Македонија.

Ова го рекол грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос на вчерашната средба со американскиот државен секретар Џон Кери во Брисел.

Оваа информација ја објави весникот „Та Неа“ повикувајќи се на свои дипломатски извори.

Според „Ризоспастис“ пак, на средбата е разговарано и за прашањето за името, врз основа на новиот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

Официјални информации за средбата на двајцата шефови на дипломатии, за која е само сигурно дека станало збор за прашањето за името, се уште нема, јави МИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top