| четврток, 6 декември 2018 |

„Бегемот“ објави три збирки раскази од Хорхе Луис Борхес на македонски

„Бегемот“ објави три збирки раскази од генијалниот аргентински писател Хорхе Луис Борхес – „Фикции“, „Универзална историја на нечесноста“ и „Сеќавањето на Шекспир“…

Преводите се дело на Ненад Велковски.

Хорхе Луис Борхес (1899 – 1986) – аргентински писател, поет и есеист, еден од најкарактеристичките ликови во светската литература од XX век. Објавувал кратки есеи, раскази и поезија. Неговите дела, толку многу важни за литературата и за хуманистичката мисла, станале објект на проникливи анализи и многубројни интерпретации.

Борхес се смета за еден од главните претставници на магичниот реализам и на филозофската мисла во латиноамериканската литература. Речиси 30 години бил номиниран за Нобеловата награда во областа на литературата, но никогаш не ја добил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top