| четврток, 6 декември 2018 |

Цвеќето што носи пари и штити од зло

Божурот е растение кое секоја жена треба да го има во домот и тоа поради многу причини. Тоа е цвет кој има опоен мирис и одамна ги краси дворовите и домовите, а крие многу благодати.

Името Божур потекнува од кинескиот збор „шо ју“ што значи најубав. Во Кина е симбол за богатството, веројатно поради неговата црвена боја, и заедно со цветот е традиционален симбол на таа земја.

Симболизира убавина и романтиката, среќен брак и среќа. Букетот од божур се смета за предзнак на среќа. Затоа ова растение често се користи за свадби.

Се смета за билка која го чисти и го штити телото, како и духот и која носи благосостојба. Помага и за одбивање на негативната енергија и на магиите.

Исто така, божурот се смета за симбол на убавината.

Па, побрзајте и ставете еден ваков букет во вазна. Ќе ви го направи домот среќно место за живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top