Коби Брајант в среда ја завршува својата богата кариера преку која стана еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката.
Во претпоследниот натпревар тој потсети на најдобрите денови кога беше незапирлив за противничките кошаркари. Најдобро на своја кожа го почувстува целиот тим на Хјустон кој иако победи со 130-110, прими 35 поени од „црната мамба“.
Од поле погоди 10/22, а од линијата за слободни фрлања 11/11, но не го спречи поразот на неговиот тим. Може само да се замисли каков спектакл ќе биде натпреварот против Јута в среда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.