
Тешко е да се замисли патување без пасош или лична карта, но британската компанија Де Ла Ру работи на технологија која би овозможила складирање на податоците од пасошите во паметни телефони. На тој начин секогаш би ги имале со себе.
Сепак, оваа идеја е се уште во зародиш. Според портпаролот на компанијата, доколку идејата заживее, пасошите ќе станат како бординг картите.

Уште не е јасно како личните податоци, кои би се чувале во посебни чипови во телефоните, би биле безбедни. Според Дејвид Џеванс од компанијата за безбедност Пруфпоинт, таквата технологија ќе бара и нов хардвер на телефоните за да се заштитат податоците од кражба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


