| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна осумкатница во Бангладеж, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, десетици останале заробени под урнатините откако осумкатница се урнала во главниот град на Бангладеж, Џака, јавува Би Би Си.

Несреќата се случила утрово, а за сега не се познати причините за уривањето на зградата. Спасувачки екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните.

Според првичните информации во зградата имало многу луѓе затоа што во приземјето имало супер маркет и фабрика за облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top