| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Владимир Каган, познат дизајнер на мебел

Американскиот мастер за дизајн на мебел, Владимир Каган, пионер во модерниот дизајн почина  на 88 годишна возраст.

Роден во Worms on the Rhine, Германија во 1927, Каган покажа интерес кон сликање и скулптура уште во детството, а подоцна разви афинитет кон архитектурата и дизајнот.  По дипломирањето на универзитетот Колумбија во 1947, каде што студираше архитектура, Каган, заедно со татко му Или Каган, почна да работи со дрво. Токму ова беше искуството кое се разви во вистинска пасија за изработка на мебел.

Со опсервација на пријателите  седнати на софа  “како врапчиња на телефонска линија,” Каган, кого пријателите го нарекуваа “ Влади “ ги претвори овие линеарни форми во слободна дизајн форма, обезбедувајќи просторни можности,  погодни за поудобна социјална интеракција.

Неговите пријатели колекционери беа  исто така, задоволни- нивните монументални платна тргнати од  мебелот залепен за ѕидовите, па парчињата на Каган се покажаа како идеални за соби во кои се прикажува  уметност.  Еден огромен тросед со слободна форма кој Каган го дизајнираше за куќа во Масачусец проектирана од Walter Gropius бараше да биде кренат и внесен преку прозорецот во дневната соба- нешто што повторно се случи кога SPAN Architecture од корен реновираше дуплекс на Upper East Side, со две од неговите  софи, во 2015 година.

Уникатниот  пристап на Каган кон дизајнот беше неговата  цврста определба за едноставна елеганција и удобност- удобноста пред се.  Под влијание на Bauhaus филозофијата дека формата ја  следи функцијата, тој цврсто стоеше на ставот дека седиште кое не е удобно, нема вистинска функција.  Исто така, тој остана верен на “помалку е повеќе” –со консолидирање на она што би требало да се три парчиња,  во еден сеопфатен, криволиниски тросед и им  вдахна нов живот на порано пренатрупаните  простори  со ентериери кои  “дишат”.

Креативноста на Каган произведе безброј класични парчиња, кои се многу барани од колекционерите  заради  нивната оригиналност и беспрекорната  изработка.  Во текот на неговата енормно успешна кариера која траеше повеќе од шест децении, експертите, музеите и други личности и институции од светот на уметноста, страствено ги бараат неговите дизајни. Наградуваните дизајни се наоѓаат во постојаните поставки на V&A London, Vitra Design Museum и Die Neue Sammlung во Германија. Неговите значајни клиенти вклучуваат славни личности како Marilyn Monroe, Gary Cooper и Walt Disney.Ralph Pucci International го репрезентираше Каган од 2002.

Дизајните на Каган беа прикажани во бројни проекти низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top