Во дворот на основното училиште „Сали Лиси“ во гостиварското село Добри Дол, се случила несреќа во која едно четиригодишно дете било тешко повредено.
Набрзо по несреќата детето било пренесено во гостиварската Општа болница, каде од повредите починало.
Според првичните информации од СВР Тетово, несреќата била пријавена околу 13 часот, по што на местото е испратена екипа која заедно со јавен обвинител треба да изврши увид.
Од се уште неутврдени причини, металната врата на дворот од училиштето излегла од лежиштето и паднала врз дететото кое играло. Поединостите кои довеле до повредувањето и трагичниот исход на детската игра ќе бидат познати откако ќе заврши увидот, кој почна пред
малку, информира СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сред сезона во Охрид: Два лекари и три сестри, единствениот медицински персонал во Брзата помош
-
Нема греење, ниту му работи светлосната сигнализација: Во Струга едно болничко возило за 60 илјади жители
-
Повикала брза помош затоа што ја каснал комарец и се заканува казна затвор
-
Почина на отворањето на „Охридско лето“