| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од пола планета нема интернет

Се проценува дека приближно 40 отсто од светската популација денес има пристап до интернет. Пред само дваесетина години, во 1995 година помалку од еден отсто од луѓето беа онлајн.

Бројот на корисници на интернет се зголеми за 10 пати од 1999 година до 2013 година. Интернет ја доби првата милијарда корисници во 2005 година, втората во 2010, а третата во 2014 година.

Сепак, пристапот до интернет се подразбира во развиените земји и не е достапен за повеќе од половина од граѓаните во светот.

Од 3,2 милијарди луѓе кои користат интернет, две милијарди се од земјите од развој. На секој корисник на интернет во развиениот свет, доаѓаат двајца корисници од земјите во развој.

Дури четири милијарди луѓе од земјите во развој се „офлајн“ – што претставува дури две третини од жителите на овие подрачја.

Од 940 милиони луѓе кои живеат во најмалку развиените земји во светот, само 89 милиони  имаат пристап до интернет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top