Најмалку 102 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во големиот пожар што се случи поради огномет во еден храм на југот на Индија.
Во комплексот се наоѓале повеќе од илјада луѓе кога околу 15 часот по локално време дошло до голема експолозија, а потоа и до пожар, кој брзо се проширил низ храмот и во него осотанале заробени голем број верници, пренесува агенцијата „АФП“.
Шефот на локалната полиција изјавил дека во пожарот загинале најмалку 84 лица.
На снимките од локалните телевизиски станици се гледа како излегуваат облаци чад од храмот, а на неботото и понатаму се гледа огномет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.