| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава Македонците ќе се кршат со јајца на плажа

crveni jajca veligden

Велигденските неработни денови и убавото време се совршена можност граѓаните да прошетаат. Традиционално едни од најпосетените дестинации се познатите локации од соседните држави како што е Банско и Софија во Бугарија, Белград, Нови Сад, Соко Бања и Врњачка во Србија, но и секогаш привлечните за посета романски дворци, пишува Вечер.

Годинава Велигден се спојува со првомајските празници и затоа домашните туристички агенции се преплавени со понуди за грчкото крајбрежје. Според нив празничниот викенд и официјално стартува летната претсезоната во голем број вили и хотели лоцирани на Халкидики и во реонот околу Паралија, Лептокарија и Олимпик Бич, но прекрасниот остроф Крф лоциран на Јонското Море.

veligden jajca

За оние кои се расположени да патуваат подалеку дел туристичките агенции ги нудат Прага, Карлови Вари и Виена или пак Будимпешта и Сент Андре. За Велигден има и понуда за Венеција, Верона и Фиренца или градот на модата Милано, Верона и Лугано. За љубителите на планинскиот туризам се нуди посета на Италија и Швајцарија, а аранжманот по лице чини 219 евра.

Македонските туристи се заинтересирани и за посета на Израел, Дубаи… а заради актуелната безбедносна ситуации во Европа се помалку се патува до дестинации како Париз, Амстердам, Барселона, Рим, Берлин…

Како дел од туристичката понуда се најде и охридското крајбрежје. Така годинава и хотелиерите од охридското крајбрежје нудат пакет-аранжмани и за домашните и за странските гости.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top