| четврток, 6 декември 2018 |

Пред нас се топла и врнежлива пролет, поплави и долго жешко лето

lepo-vreme-mondo-stefan-stojanovic-27

На почетокот на април се очекува повеќе сонце и потопло време со помалку облаци и ветер. Овој тренд на постепено зголемување на температурите на воздухот ќе продолжи и во текот на целиот месец, но и понатаму ќе има периоди со променливи временски услови, вообичаени за април, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму информираат дека снеж­ната покривка во западните планински области во Македонија и темпе­ратур­ни­те контрасти не ја исклучуваат можноста за повремени локални влијанија на времето со појава на облаци, ветер и врнежи.

– Затоплу­вањето во почетокот на април во комбинација со топењето на снегот и евентуалните врнежи можат да предизвикаат и локални излевања на реките во западна Македонија, велат од УХМР.

133105125

Анализите на експертите по метеорологија покажуваат дека од крајот на април кон мај ќе продолжи трендот на пораст на дневните температури, т.е. сонце во комбинација со можна попладневна атмосферска нестабилност и влажни процеси во атмо­сферата, посебно во текот на мај.

Во првата половина на летото се предвидува поголемо влијание на суптропскиот појас на висок притисок и циклуси со поин­тензивна топлина во јужна Италија и во јужниот дел на Балканот.

Според сезонските прогнози на Европскиот центар, отста­пувањата на просечните тем­ператури во приземниот слој на атмосферата и на плани­ните, во прт­стојната сезона пролет-лето би биле повисоки за околу 0.5-1.0 °C. Во првиот тримесечен период април-мај-јуни нема отста­пување во однос на врнежите, додека во јули-август-септември се очекува околу 50 милиметри помала, вкупна сума на врнежи во однос на просечните за овој период.

Според експертите од УХМР вомај ситуацијата е малку поинаква. Се пред­ви­дува сосема мало негативно отстапување на тем­пе­ратурите. Во наредните месеци од јуни-септември би се движеле во рамките на кли­матскиот просек. Во однос на врнежите, не се пред­видуваат отста­пу­вања, додека во текот на мај можен е благ по­раст на ано­ма­ли­јата на врнежите од климат­скиот просек, информираат од УХМР.

133105187

Јуни се очекува да биде посув. Сличен тренд како во јуни се пред­видува и во јули додека додека август и септември би биле во грани­ците на про­сеч­ниот, велат експертите по метеорологија.

Во однос на режимот на температурите се очекува позитивно отстапување во интервалот од 1-2 °C во месеците април и мај, додека овој центар предвидува и повисоки температури во однос на климатскиот про­сек за 2-3  °C во текот на летото во месеците јуни и јули.

– Според истиот извор, август ќе биде топол, но со поблаго позитивно отстапување на темпе­ра­турите, додека септември во рамките на просекот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top