| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен е конкурсот за стипендии на француската Влада

Француската Влада, преку Амбасадата на Франција и Францускиот институт, секоја година доделува стипендии за македонските студенти за постдипломски студии во Франција, објави Францускиот институт во Скопје.

За минатата учебна година година биле доделени вкупно шест стипендии од  оваа редовна програма.

Конкурсот за стипендии за следната академска 2016/2017 година е во тек, а краен рок за пријавување е 30 април 2016.

Се работи за студии на ниво Мастер и Докторат во различни области и специјализации од општествени, природни и технички науки.

Стипендијата е целосна и ги покрива трошоците за школарина, студентско здравствено осигурување, секојдневни животни трошоци. Стипендистите добиваат и дополнителни средства за купување книги, компјутери и друг неопходен материјал за нивното студирање, како и предност при сместување во студентски дом. Освен тоа, самиот статус на стипендист на француска влада им овозможува да имаат и други бенефиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top