Британската кралица Елизабета Втора на 12 мај ќе го прослави својот 90. роденден, а на списокот на имиња на уметниците кои ќе ги забавуваат гостите се Кајли Миног, Џејмс Блант, Џес Глин и оперската пејачка Кетрин Џенкинс. Најавени се вкупно 1.500 учесници.
Прославата на роденденот на кралицата ќе трае четири дена во Виндзорската палата, викенд резиденцијата на кралицата оддалечена 40 километри од Лондон.
Меѓу изведувачите ќе биде соул пејачката Беверли Најт, актерот Мартин Клус и ѕвездата на серијата Волф хол, Демијан Левис.
На прославата ќе биде раскажана приказната за животот на кралицата, од нејзиното раѓање во 1926 година, преку крунисувањето во 1953 година и 60 години владеење.
Гостите ќе ги забавува и пејачот Џејмс Блант, ѕвездата на „Војна на ѕвездите“, актерите Џон Бојег, Џон Картер и други.
Организирана поворка со повеќе од 900 коњи со учество на 1.500 уметници ќе биде дел од прославата на кралицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.