| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Не очекувам дека СЈО нешто ќе направи, никој не бил на удар како што сум бил јас

latas

Дури 37 дена чекав Специјалното јавно обвинителство да ме повика да дадам изјава. Отидов по службен пат да дадам изјава, но не очекувам дека нешто ќе направат. Ден денес снимките од разговорите не се симнати од Ју Тјуб.

Ова го истакна уредникот на Сител, Драган Павловиќ-Латас во емисијата „Јади бурек“ на Јанко Илковски.

Јас цената ја плаќам се уште и немам сатисфакција. Мојот син има 17,5 години, ќерка ми има 31 година и јас сум ги штител цело време од светот на политиката. Јас ќе им кажам и они ќе разберат, бидејќи и се гледа дека разговорите се монтирани. Жена ми има 52 години, посложени се односите, но тоа ќе го средам, додава Латас.

Никој не бил на удар, рече Латас, како што сум бил јас, но јас преживеав. -Тоа што не те убива те прави појак.

Латас претходно истакна дека СДСМ не успеа да ја постигне целта која ја имаше објавувајќи нелегално прислушкувани разговори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top