| четврток, 6 декември 2018 |

Измамници ја злоупотребиле фондацијата на Сергеј Трифуновиќ

trifunovic

Хуманитарната фондација „Поддржи го животот“, (Подржи живот), чиј основач е актерот Сергеј Трифуновиќ, соопшти дека сè почесто се случува името на нејзиниот основач да се злоупотребува на социјалните мрежи заради стекнување материјална корист, па затоа апелира сите чесни граѓани и донатори да контактираат директно со фондацијата пред да ги донираат своите средства.

„Официјалните интернет-презентации на фондацијата служат исклучиво за информирање на јавноста за започнатите и за успешно завршените хуманитарни акции, а не за собирање парична помош. Донациите се собираат со директно испраќање СМС-пораки или со уплати на сметката на фондацијата ’Поддржи го животот’“, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top