| четврток, 6 декември 2018 |

Десет правила за супер тенка половина

Тенка половина е желба на многумина.

Ви претставуваме неколку инструкции како да го стопите вишокот на масти околу половината и да ја постигнете посакуваната форма.

1. Редовно вежбајте и бидете активни

-Со балансирана исхрана, важно е да се вежба редовно и да се вклучите во некоја физичка активност. Без разлика дали е тоа посетување на терета, базен, трчање, планинарење и слично…

2. Храна богата со растителни влакна

-Бидете сигурни дека ќе имате исхрана богата со растителни влакна , бидејќи храната богата со растителни влакна го забрзува метаболизмот и го продолжи чувство на ситост и ви помага во губење на килограмите.

Лененото семе е исклучиво богато со растителни влакна, па затоа практикувајте секојдневно да го вметнете во вашиот доручек во комбинација со житарки.

3. Внесувајте храна која го забрзува метаболизмот

-Секојдневно внесувајте намирници кои помагаат да се убрза метаболизмот, овој вид на храна го убрзува метаболизмот користејки ги мастите за енергија. Тука особено го потенцираме зелениот чај.

4. Јадете контролирани оброци

-Водете сметка колкав ви е секојдневниот внес на јагленихидрати, протеини, масти … Бидете сигурни дека храната е богата со избалансиран внес на јаглени хидрати и монозаситени масни киселини.

5. Избегнувајте алкохол

– Според некои истражувања докажано е дека алкохолот за 36% ја намалува способноста на организмот да го топи масното ткиво. Исто така не постои алкохол кој во себе не содржи додадени шеќери.

6. Кардио тренинг за да се решите од вишокот масно ткиво

– Кардио тренинг е одлична активност за да го смалите вишокот на маснотии. Одберете си која кардио вежба највеќе би ви одговарала: точак, трака за трчање, степер, орбитрек и сл. или пак комбинирајте повеќе различни активности 5 пати во неделата, одвојте си намалку 30 минути.

7. Максимално намалете го внесот на шеќери

– Максимално намалете го внесот на шеќери, од причина што шеќерот е главен виновник за мастите кои се наталожуваат во вашиот струк. со внесот на шеќери го провоцирате инсулинот, кој е причина поради насобраните масти околу струкот.

8. Јадете споро и убаво џвакајте ја храната

– Што подобро ја изџвакате храната, секако и дека таа подобро ќе биде сварена во вашиот организам, со што се смалува чувството на надуеност и храната помалку се задржува во вашиот желудник.

9. Спијте редовно и доволно саати

Створете си навика да си легнувате и станувате во исто време секој ден. Пробајте да се наспиете барем 6-7 саати, не се препорачуваат ни помалку ни повеќе саати од ова.

10. Решете се од стресот

– Пробајте да се решите од стресот или барем да го контролирате, ако да го избегнете најчесто е невозможно, али можете да се начуте да справите со истиот. Најдете начин да се опуштите, реклаксирате, да излезете во природа, да се дружите со пријателите, прочитајте добра книга, гледајте филм… За многумина, тренингот им претставува одличен начин да избегаат од секојдневниот стрес. Пробајте!

Преземено од: Project Fit

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top