| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен е „човекот со шапката”:Третиот џихадист осомничен за нападите во Брисел

Белгиецот Мохамед Абрини, кој беше баран од полицијата поради сомнение за поврзаност со терористичките напади во Париз минатата година, уапсен е денес, објавува белгиската телевизија VRT.

Споменатата белгиска телевизија тврди дека Абрини веројатно е „човекот со шеширот“, третиот осомничен за нападот на бриселскиот аеродром, пренсува „Ројтерс“. 31-годишниот Абрини беше на листата на најбараните луѓе во Европа, а идентификуван е со помош на надзорните камери.
На тие снимки, направени на два дена пред нападите изведени на 13-ти ноември во кои загинаа 130 лица во Париз, Абрини се наоѓа во автомобил заедно со Салах Абдеслам, најважниот преживеан терорист кој учествуваше во крвавите напади во француската престолнина.
Абдеслам беше уапсен во Брисел пред две недели, четири дена пред припадници на ИСИС и негови познаници да го изведат нападот во истиот град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top