Џесика Палашоска утрово го изгубила својот мобилен телефон и сега стравува некој да не ги злоупотреби разголените фотки кои се наоѓаат во него.
Фолкерката се плаши да не заврши како Дара Бубамара и и цела Македонија да ги види нејзините голи фотки.
– Имам голи фотки како и секоја девојка што има. Страв ми е некој да не ги злоупотреби, па да завршам и јас како Дара Бубамара, вели Палашоска.
Сексапилната фолкерка напиша статус и на Фејсбук преку кој апелира чесниот пронаоѓач да и го врати телефонот, а ветува и награда.
– Утрово додека џогирав во паркот го изгубив мобилниот телефон „ајфон 6″ во златна боја, ве молам доколку го пронајдете, пишете ми во инбокс. За чесниот пронаоѓач следува награда, стои во нејзиниот пост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.