Андреа Пенезиќ го доби признанието за најдобра европска ракометарка за месец март, во изборот што ЕХФ почна да го организира од почетокот на оваа година. Хрватската ракометарка беше брилијантна во дресот на својата репрезентација, со единаесет погодоци носејќи и победа над Црна Гора од 23-22 во квалификациите за ЕП 2016.
– За мене е огромна чест да бидам избрана за ракометарка на месецот. Мислам дека ова е награда за сето она што го работам на тренинзите, како и она што го покажувам на теренот за време на натпреварите. Можам да кажам дека чувството е одлично и ќе продолжам во ист ритам и во иднина – изјави ракометарката на ЖРК Вардар, која не одигра меч за „црвено-црните“ во ЛШ во месец март (групната фаза заврши во февруари, а четвртфиналето со Ларвик се игра во април).
Епитетот најдобар машки ракометар за месец март му припадна на Деан Бомбач, словенечкиот интернационалец од редовите на Пик Сегед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.