Во понеделник, (11 април), во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот во рамките на „Денови на македонска музика“ во организација на СОКОМ концерт ќе одржи Нејц Кухар, гитара – Словенија
Во октомври 2015 година во СОКОМ се одржа неколкудневна работилница со Нејц Кухар на тема „Современите техники на гитарата“ наменета за композитори и гитаристи. Како резултат на ова, студентите на Факултетот за музичка уметност, младите, но веќе наградувани Ангел Спироски, Маја Јовановска, како и Ксандер Сликер – студент од Холандија од Еразмус програмата и композиторката Ана Пандевска, создадоа дела специјално за Нејц Кухар. Овие дела, инспирирани од неговата изведувачка умешност на гитарата, на овој концерт ќе ја доживеат својата светска премиера, заедно со дело од Панде Шахов и самиот уметник.
Во состав на проектот се и неколку предавања-работилници:
9 април 2016, (сабота)
Мала сала, Факултет за музичка уметност – Скопје, 10.00
МАСТЕРКЛАС со студентите по гитара од Факултетот за музичка уметност – Скопје
11 април 2016, (понеделник)
EУ Инфо-центар, 12:00
ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА: „Професијата на композитор-изведувач – како да се преживее?“
Наградите стекнати на меѓународно ниво, сјајните критики (Вашингтон Пост, ClassicalGuitarMagazineи т.н.) и одличниот прием кај домашната и странската публика го заокружуваат како музичар којуспешно ја балансира взаемната траса на композиција и интерпретација.
Нејц Кухар своите магистерски студии по гитара ги завршува на Виенскиот универзитет за музика и изведувачки уметности во класата на професорот Алваро Пиери, а магистратурата по композиција во класата на Др. Рајнер Бишоф и професор Кристијан Минкович на Виенскиот конзерваториум ‘Приватуниверзитет‘. И во двете класи завршува со високи почести. Од 2015 година предава гитара на Музичката академија во Виена, а од 2013 година и на Франкфуртската музичка школа.
Како гитарист, а воедно и како композитор, се стекнува со бројни награди (1-ви награди во Германија, Кина, Италија, Турција, САД и т.н.) и со стипендија на Министерството за култура на Р. Словенија како и на Фондацијата Галус.
Неговата музика е изведувана од него самиот, но и од други престижни музички имиња во сали како Музикферајн и Концертхаус во Виена, Националната уметничка галерија во Вашингтон, Салата „Рахмањинов“на Конзерваториумот Чајковски во Москва, Словенската филхармонија и т.н. Добивал нарачки за композиции од Националната уметничка галерија во Вашингтон, Универзитетот по музика и изведувачки уметности во Фракфурт,LiGITa, Фестивалите за гитара во Хонг Конг и Сараево, Сигнум Саксофон Квартетот, гитаристот Мак Гргиќ, органистот Стефан Акерт, Гитарскиот КвартетFourAces и т.н.
Делата на Кухар се издадени од страна на реномирани издавачки куќи, како Les Production d’Oz (Канада), Trekel (Германија) и Berben (Италија), од кои некои од нив се снимени и на неговото деби CD од ZKP Label, насловено како “String modulations”, во изведба на виртуозот по гитара Мак Гргиќ.
Нејц редовно изведува соло концерти, предава магистерски студии, дава часовипо гитара, но исто така е и член на жирија на разни меѓународни фестивали за гитара (LiGiTaво Лихтенштајн, ForumWien, Фестивалот за гитара во Тајван,Сараево, Seckau, Фестивалот за гитара ‘Постојна‘ во Словенија). Неговите концерти поседуваат особен шарм и уникатност, а тоа се должи на интерпретациите на неговите сопствените композиции.
Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Р.Словенија и Европската унија.
Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.